„Не се бричам поради мојата жена а таа треба да се слуша“ Ѓоковиќ објасни зошто пуштил брада – многумина мислат дека тоа е суеверие!
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на добар пат да ја одбрани титулата на Вимблдон, а од трофејот на најпрестижниот турнир го дели уште една пречка – Карлос Алкараз.
Српските новинари забележале дека Новак „го заборавил жилетот дома“ – па ги интересирало дали големата брада е можеби форма на суеверие – и ако не – дали некогаш направил нешто засновано на суеверие?
„Порано бев суеверн, но сега воопшто не. Во првата фаза од мојата кариера, морав редовно да се бричам – бидејќи кога мојот дедо беше сè уште жив – ме предупредуваше да се избричам! Сега пуштив брада затоа што жена ми вели дека ми изгледам убаво. Жената мора да се почитува – затоа што тоа е рецептот за среќен и долг живот. Сепак, ќе морам малку да ја скратам…“ најавува Новак и продолжува:
„Немам суеверија, но имам рутини кои ги практикувам. Немам суеверија од типот дека секогаш морам да спијам на одредена страна од креветот, иако се трудам главата да биде свртена кон исток или север. Тоа ми е важно, но останато не” , јасен беше тој.