“НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ОД БОЛНИЦА“ – Позната здравствената состојбата на првиот човек на Пентагон која се чуваше во строга тајност

Државниот секретар за одбрана на САД, Лојд Остин, е во болница и се чувствува добро, соопшти Пентагон, истакнувајќи дека се уште не е познат точниот датум кога ќе ја напушти медицинската установа.

Веста за хоспитализацијата на Лојд Остин на 1. јануари поради компликации по операцијата на рак на простата не беше откриена во јавноста, а ниту Белата куќа и ниту конгресмените не биле свесни за тоа, речиси цела минатата недела, што предизвика политички реакции и поттикна истрага на Конгресот, пренесува медиумската агенција Reuters.

Лојд Остин (70 г.) бил примен во Медицинскиот центар на националната Армија „Волтер Рид“ во Мериленд на 22. декември за лекување на рак на простата. Тој се вратил во болница на 1. јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт.

Напорот на државниот секретар за одбрана да ја задржи неговата здравствена состојба приватна ги поттикна прашањата за тоа дали Лојд Остин ги прекршил правилата за известување на Конгресот.

Тој со тоа го стави во непријатна позиција претседателот на САД, Џо Бајден, кој на 4. јануари дозна дека Лојд Остин е во болница, а дури на 9. јануари беше информиран дека тој боледува од рак на простата.

Белата куќа и Пентагон ги отфрлија повиците за смена на Лојд Остин.