„Не се чувствувам виновен“ Возачот Тоше Проески за страшната сообраќајка: Не праведно сум осуден, ќе страдам додека сум жив (фото)

Познатиот македонски пејач Тоше Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во Хрватска.

Вестта за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а и денес, 16 години подоцна, многумина не можат да се помират со големата загуба.

За потсетување, тој кобен ден Тоше отиде во Загреб, каде требаше да ја сними англиската верзија на еден од неговите хитови. Во несреќата што се случи на автопатот кај Нова Градишка, тешко беше повреден возачот на ,Tуарегот” Георгиј Георгијевски, а полесно беше повредена менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.

Инаку, иако семејството Проески се откажа од кривично гонење на човекот кој го управувал возилото, скопското обвинителство по службена должност покрена обвинение, со кое возачот го товари кривично дело против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Менаџерот на Тоше не се приклучил на тужбата и се откажала од финансиски надомест.

Во 2009 година, веднаш по двегодишнината од смртта на пејачот, Георгијевски во Основниот суд во Скопје беше осуден на две години затвор. Возачот на уништениот џип се расплака во судницата, држејќи ја фотографијата на Тоше.

– Не се чувствувам виновен. Не е точно дека заспав на воланот пред несреќата. Жал ми е, го изгубив брат ми и без пресуда веќе сум казнет. Ќе патам додека сум жив поради мојот изгубен пријател – низ солзи рече Георгијевски, додека неговата адвокатка Силвија Џилвиџиева во завршниот говор побара обвинетиот да биде ослободен.