Не сте сигурни дали ‘рчите? Овие необични знаци може да укажуваат на тоа дека имате проблеми со спиењето

‘Рчењето може да биде сериозен здравствен и социјален проблем

Едно лице често не е свесно дека ‘рчи, иако овој феномен може да биде симптом на апнеја при спиење – потенцијално опасна состојба во која дишењето престанува 10 или повеќе секунди во текот на ноќта.

Состојбата може да биде проблем ако личноста живее сама и не знае дека ‘рчи.

Кај жените, проблемот е потешко да се открие

Доколку не се лекува, опструктивната ноќна апнеја е фактор на ризик за развој на хипертензија, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, депресија и може да биде причина за рана смрт, според Американската академија за медицина на спиењето.

Затоа е важно да му се укаже на постоењето на проблемот на оној што ‘рчи.

Експертите укажуваат на фактот дека голем број луѓе имаат недијагностицирана и нетретирана ноќна апнеја.

Исто така, се нагласува дека мажите полесно ја препознаваат оваа состојба, бидејќи нивната ноќна апнеја често е придружена со гласно ‘рчење. Кај жените проблемот е потежок, особено ако ‘рчењето не е изразено. Сепак, постојат некои знаци дека можеби ‘рчиме.

Ноќно потење

Непријатното ноќно потење понекогаш е резултат на менопауза, спиење во прегреана просторија, употреба на лекови или постоење на болести како што се бактериски инфекции, грип, велат експертите од клиниката Мајо. Истражувањата покажуваат дека ноќното потење е симптом на околу 30 проценти од луѓето кои страдаат од апнеја при спиење. Телото не добива доволно кислород, така што луѓето кои се потат и ‘рчат имаат пониско ниво на кислород во телото.

Често будење

Честото будење од сон со потреба за често мокрење е последица на консумирање големи количини на пијалоци пред спиење. Во најтешките случаи, ноќното мокрење е знак за дијабетес, висок крвен притисок, се јавува како резултат на употреба на лекови, проблеми со здравјето на простатата, велат лекарите од Клиниката во Кливленд.

Меѓутоа, ако се будиме двапати во текот на ноќта за да одиме во тоалет, можеби страдаме од апнеја при спиење. Истражувањата покажуваат дека околу 50 проценти од луѓето со апнеја при спиење страдаат од ноктурија.

Чкртање со заби

Бруксизам е професионалното име за чкртање заби, кое најчесто се јавува за време на спиењето. Анксиозноста и другите психолошки фактори понекогаш може да предизвикаат појава на бруксизам. Експертите најчесто ја посочуваат апнеја при спиење како главен фактор што понекогаш нè тера да чкртаме заби во сон.

Според теоријата која не е целосно докажана, за време на спиењето доаѓа до опструкција на дишните патишта и во исто време телото се бори да дише обидувајќи се да ги придвижи мускулите околу устата и вилицата.