НИВНОТО ПРВО ВНУЧЕ – Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда објавија фотографии со нивниот едномесечен внук
Бил Гејтс се пофали дека ја запознал својата прва внука. Ко-основачот на Мајкрософт позираше со новороденото девојче и објави фотографија на Инстаграм.
„Едвај чекам да те гледам како го откриваш светот“, напишал тој во објавата на која се гледа како го држи бебето во раце.
Неговата поранешна сопруга Мелинда Гејтс исто така сподели фотографија со нејзината внука. „Нема ништо што може да се спореди со држењето на вашето прво внуче. Изгледа како вчера да ја држев Џен, а сега таа има свое дете и пукам од гордост гледајќи ја неа и Наџел како влегуваат во нивните нови улоги како родители“, напиша таа во описот на објавата на Инстаграм.
Потсетуваме, ќерката на Бил и Мелинда, Џенифер Гејтс на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Наџел Насар станаа родители на девојче. „Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.
Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од нејзиниот стомак. Таа е во брак со нејзиниот сопруг од октомври 2021 година. Џенфер е најстарото дете на поранешните сопружници Бил и Мелинда Гејтс. Тие ги имаат и ќерката Фиби и синот Рори.