“НИЕ СМЕ ПАТРИОТИ!“ – Евгениј Пригожин дрско му одговори на Владимир Путин и јасно порача: “Нема предавање!“

Бунтовничкиот водач на руските платеници, Евгениј Пригожин, во саботата изјави дека тој и неговите луѓе од групата Вагнер нема да се предадат по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

Владимир Путин претходно вети дека ќе го уништи, како што го нарече вооружениот бунт, откако приватната воена група на Евгениј Пригожин ја презеде контролата врз јужниот град Ростов на Дон, како дел од обидот да го собори военото раководство на Русија.

Претседателот е длабоко во заблуда кога зборува за предавство. Ние сме патриоти на нашата татковина, се боревме и се бориме за неа“, вели Евгениј Пригожин во аудио пораката објавена на социјалната мрежа Телеграм.

Никој нема да се предаде по наредба на претседателот, ФСБ или кој било друг. Затоа што не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција, измама и бирократија“, заклучува тој.