“НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ!“ – Владимир Путин за првпат ги претстави условите за преговори за мир со Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека Украина, доколку сака да започне преговори со Русија, треба да го откаже указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.

Претседателот на Украина издаде указ со кој се забранува водење мировни преговори со нас. На секого, и на самиот себе. Па, како може некој да преговара ако не сака, тие дури издадоа регулаторен документ кој ги забранува тие преговори“, порача Владимир Путин во интервју за кинеската централна телевизија пред неговата посета на Кина.

Тој додаде дека украинската страна, доколку сака да започне преговори, прво треба да ја откаже таа уредба.

И да објавиме подготвеност за тие преговори. Подготвени сме, вклучително и да ги искористиме предлозите на нашите кинески пријатели“, рекол Владимир Путин, а пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека Русија е благодарна на Кина за нејзините напори насочени кон ставање крај на руско-украинската криза.

Да, ние сме им благодарни на нашите кинески пријатели што размислуваат како да се стави крај на оваа криза“, порачал Владимир Путин и додал дека неврзаниот статус на Украина е од големо значење за Москва.

Неврзаниот статус на Украина е од големо значење за нас. Проширувањето на НАТО во Украина Москва го гледа како закана“, нагласил Владимир Путин.

Загубите на Украина за време на контраофанзивата во споредба со загубите на руската Армија се приближно осум спрема еден“, тврди рускиот претседател.

Рекоа дека ќе ја победат Русија и ќе победат на бојното поле, дека стратешки ќе ја поразат Русија. Тие започнаа активни воени операции, т.н контраофанзива. Тоа се случува од 4. јуни. Сè уште нема резултати, загубите се огромни“, вели Владимир Путин.

Тој додал дека на преговорите во Истанбул, Русија изразила подготвеност за мирно завршување на конфликтот, во исто време обезбедувајќи ги своите легитимни интереси.

Таму, украинската страна си обезбеди многу строга безбедносна рамка и ние се согласивме со тоа. Но, штом нашите војници се повлекоа од главниот град на Украина, Киев, украинската страна веднаш ги фрли во оган сите тие договори“, вели Владимир Путин.