СДСМ: Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица очекува пораз на изборите

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица веќе чека пораз од граѓаните на изборите во 2024 година.

Граѓаните не сакаат изолација, нови депортации на млади, неизвесност.

Граѓаните сакаат членство во ЕУ, повисоки плати, подобар животен стандард, сакаат младите да ја градат својата иднина во европска земја, дома, во својата татковина.

Мицкоски се крсти во коалицијата со „Левица“, партијата која нуди само инциденти, насилство и хаос.

На изборите ќе победи проевропската коалиција предводена од СДСМ, а претседателскиот кандидат предложен од СДСМ ќе биде претседател на државата.

По изборите, СДСМ повторно ќе формира проевропска коалициска влада, а Димитар Ковачевски повторно ќе биде премиер“.