Бесими: Со 10-годишниот план за раст на Западен Балкан се очекува удвојување на БДП во Македонија

Со Планот за раст на Западен Балкан се очекува БДП да се удвои во следните 10 години и да се приближи до стандардите на ЕУ, пишува Телеграф Македонија.

Предноста на Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан е тоа што не е поврзан со политички критериуми во процесот на интеграција во ЕУ, туку се заснова на имплементација на дефинираната реформска агенда, изјави за АИМ министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната средба во Брисел со претставници на Европската комисија да ги утврди основните елементи на реформската агенда што мора да се подготви за реализација на проектите од Планот.

„Со овој план се очекува БДП да се удвои за 10 години и да се доближи до европскиот пазар и до стандардот на земјите од ЕУ“, потенцира Бесими.

Тој нагласува дека Планот е поврзан со реформската агенда која билатерално ја дефинираме со Европската комисија и врз основа на спроведувањето на реформите ќе следат финансиски средства за поддршка од ЕУ.