“НИКОГАШ НЕ Е ПОСТУДЕНО ОД -32 СТЕПЕНИ“ – Алексеј Навални зборуваше од затворот во Сибир и се пошегува за ниските температури и условите за живот

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес даде иронична пофалба за поларните услови во затворот северно од Арктичкиот круг, каде што беше преместен непосредно пред Божиќ.

Тој е сместен во затворската колонија ИК-3 во Харп, во сибирскиот регион Јамал-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва, според информациите на медиумската агенција Reuters. Во објава на социјалната мрежа ТелеграмАлексеј Навални порача дека бил ставен во затворска ќелија поради лошо однесување веднаш штом го напуштил карантинот во затворската колонија наречена „Поларен Волк“.

Сè уште не беше постудено од минус 32 степени. Нема ништо подобро од прошетката по Јамал во 06:30 часот наутро“, порача Алексеј Навални во саркастична објава.

Тој објави и фотографија од дворот во кој се шета, каде што се гледа бетонски ѕид со метални решетки одозгора. Алексеј Навални ја спомна сцената во филмот „Повратникот“ од 2015 година во кој Леонардо ди Каприо се крие во труп на коњ.

Мислам дека нема да успее тоа овде. Мртвиот коњ ќе замрзне за 15 минути. Ни треба топол, пржен слон овде“, додаде Алексеј Навални.

Затворот „Поларен Волк“ важи за еден од најстрогите затвори во Русија, каде што најголем број затвореници се осудени за тешки кривични дела.

Зимите таму се сурови, а температурите се очекува да се спуштат до околу минус 28 Целзиусови степени во текот на неделата.

Алексеј Навални беше префрлен на оваа колонија на крајот на декември минатата година, откако две недели не се знаеше каде се наоѓа, а неговите соработници беа загрижени бидејќи го немаше на списокот на затвореници.