ВИДЕО | “РИМ ИЗГЛЕДА КАКО ВО 1924 ГОДИНА“ – Драма во Италија по организирање на профашистички митинг: Погледнете ги сцените кои го шокираа целиот свет

Италијанското движење „Пет Ѕвезди“, предводено од претседателот Џузепе Конте, најави дека ќе поднесе кривична пријава до судот во Рим поради профашистичкиот митинг по повод годишнината од смртта на тројца неофашисти во 1978 година.

Таа опозициска левичарска партија додаде дека собирот претставува „исклучително сериозен настан што го оправдува фашизмот“. Претседателката на Демократската партијаЕли Шајн, побара од италијанските власти да претстават план за спречување на повторување на вакви настани, како и да кажат дека ќе се борат со сите средства против фашизмот и организирањето на фашистички демонстрации.

Рим на 7. јануари 2024 година. Изгледа како 1924 година“, напиша Ели Шајн на социјалните мрежи, пренесе The Guardian.

Опозициските партии ја повикаа премиерката Џорџија Мелони и нејзината владејачка партија Браќата на Италија (ФДЛ) да ги осудат фашистичките поздрави.

Високиот функционер на Браќата на ИталијаФабио Рампели, нагласи дека партијата не учествувала на митингот на кој стотици граѓани се пзодравувале со фашистички поздрав, и дека ФДЛ наместо тоа организирала две посебни церемонии за да ја одбележи смртта на тројцата мажи,

Во неделата се одржа профашистички митинг пред поранешното седиште на МСИ, неофашистичка партија која прерасна во конзервативна партија Браќа на Италија. На собирот беше одбележана смртта на неофашистите, од кои двајца беа убиени од крајно левичарски екстремисти, поради што италијанските десничари тврдат дека нивната смрт никогаш не била соодветно истражена.