ШПАНИЈА ИСПИША ИСТОРИЈА – Ова е првата политичарка со Даунов синдром која е избрана во Собранието

Мар Галцеран влезе во историјата како првиот шпански парламентарец со Даунов синдром, откако беше избрана во регионалното собрание на Валенсија.

Мар Галцеран (45 г.) за The Guardian изјавила дека сака да ја гледаат како личност, а не поради нејзиниот хендикеп, наведувајќи дека нејзината позиција повлекува голема одговорност и дека сака да ги разбие предрасудите на луѓето за Даунов синдром.

Таа со децении се боре за луѓето со интелектуална попреченост да се интегрираат во општеството.

Општеството почнува да сфаќа дека луѓето со Даунов синдром можат многу да придонесат. Но, тоа е многу долг пат“, изјавила Мар Галцеран.

Нејзиниот подвиг се подготвувал со децении, истакнува споменатиот весник.

Кога Мар Галцеран имала 18 години, таа се приклучила на конзервативната Народна партија (ПП) откако била привлечена од она што таа го опиша како нејзина „прегратка на традицијата“.

Таа полека се издигна во партијата, а нејзината посветеност се исплатеше минатиот мај кога беше додадена на 20-то место на листата на кандидати со кои ПП учествуваше на регионалните избори во Валенсија.

Наскоро дојде вест дека Мар Галцеран освоила место во регионалниот парламент, придружувајќи им се на неколкуте луѓе со Даунов синдром кои влегле во светот на политиката.

Сепак, Мар Галцеран би можела да биде првата во Европа која ќе се приклучи на регионален или национален парламент, според Шпанската федерација за Даунов синдром.