ФОТО | Претседателот на Собранието Талат Џафери на божиќно честитање кај архиепископот г.г. Стефан

Претседателот на Собранието Талат Џафери денес традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан.

Претседателот Талат Џафери му посака на г.г. Стефан, како прв на православната верска заедница, добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации и за напредокот. За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Талат Џафери