„Никогаш не планирав да му се вратам на Бен“: Џенифер Лопез првпат говори за смирувањето со Афлек – еве зошто ја раскинале популарната веридба

Џенифер Лопез вели дека всушност никогаш не планирала да му се врати на Бен Афлек, после нивната пропадната веридба во 2004 година.

Во текот на гостувањето во „Kyle and Jackie O Radio Show“, оваа 54-годишна пејачка кажала дека морала да се спознае себеси откако славниот пар се раздели во 2000-те години.

„Се заљубив во љубовта на својот живот претходно во животот, но поради којзнае кои причини, почувствувавме потреба да се разделиме“, објаснила Џеј Ло.

„Се разделивме, добивме деца со други луѓе и бевме во долги врски. Не планирав да му се вратам него“, вели Џеј Ло.

Да ве потсетиме, Лопез и Афлек ја започнале врската во 2002 година, а се вериле подоцна истата година. Меѓутоа, парот во 2004 година се разделил, откако една година претходно ја откажале венчавката.

Славната Џеј Ло прво се венчала за Марк Ентони во 2004 година, а заедно со него ги има близнаците Макс и Ема, а се развеле во 2014 година. Афлек пак бил во брак со Џенифер Гарнер од 2008 до 2018 година, а имаат две ќерки Вајолет и Серафина.

По години разделеност, Лопез и Афлек конечно повторно се споиле во 2021 година и се венчале во 2022 година.

„Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но сметам дека тогаш навистина ми се отвори универзумот и потврдив дека се подготвувам за она што навистина го сакам“, објаснила пејачката.

„Не можев да верувам, а мислам дека ниту тој“, рекла таа и објаснила дека „тоа не е нешто кое го планирале“.

„Навистина продолживме со своите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објаснила таа.

Лопез исто така отворено зборувала за тоа како фактот дека станала мајка ја направила подобра личност.

„Откако се родија децата, на вистински пат од патувањето сум“, рекла пејачката и додала дека се обидува да биде подобра верзија од себеси и да биде најдобрата личност која би можела да биде „прекрасна мајка и прекрасен пример за своите деца“.