Зошто водата е добра за нашето здравје?

Човечкото тело во најголем процент се состои од вода, а тaa варира во зависност од возраста. Секое живо суштество има потреба од вода за да функционира правилно, таа е незаменлива основа на сите телесни течности.

Телото има потреба од вода за речиси сите свои функции, за да ја ресорбира храната и да го елиминира отпадот, но и покрај тоа што на планетата Земја водата е застапена со 70%, сепак е докажано дека луѓето не ја консумираат во доволни количини.

Наспроти тоа се користат газирани пијалаци, кафе, алкохол, енергетски пијалаци, а сите тие предизвикуваат дехидрација на организмот. Кога не се пие доволно вода бубрезите и црниот дроб не можат правилно да се „исплакнат“, тогаш дебелото црево нема правилна перисталтика и со тоа се задржуваат токсините во телото. Така отпадот останува долго во организмот и има доволно време да ги апсорбира токсините повторно назад во крвотокот и до секој орган во телото.

Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Водата може да ја излечи главоболката. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Исто така ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај.