Благодарение на овој трик, завесите ќе се истегнат под сопствената тежина пред да се исушат, со што пеглањето ќе биде непотребно.
Дизајнерите велат дека завесите освен што штитат од љубопитните погледи, на просторот му даваат и пријатна, воздушна атмосфера. Има луѓе кои сакаат завеси и оние кои не сакаат. Ако сте во првата група, тогаш сигурно сте се соочиле со дилемата како да ги одржувате чисти и да спречите да се таложи на нив прашина и други нечистотии.
Во тоа, ни помалку ни повеќе, може да ви помогне лак за коса. Прво измијте ги завесите, а откако ќе ги закачите посегнете по лакот за коса. Попрскајте ги завесите со лак за коса, а благодарение на овој трик завесите ќе се истегнат под сопствената тежина пред да се исушат, правејќи го пеглањето непотребно.
Подоцна испрскајте ги со повеќе лак за коса. Козметиката ќе ги зајакне и на крајот ќе ги измазне сите испакнатини. Покрај тоа, ќе создаде слој на завесите што штити од контаминација. Не претерувајте со лак за коса, пишува Дом и Дизајн.