НИКОЛА ГРУЕВСКИ УДРИ И ПО НЕГОВИТЕ ВЕРНИ ‘ПОСЛУШНИЦИ’ – Со нова објава на Фејсбук брутално го нападна и Антонијо Милошевски: “Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не му остана „должен“ ниту на својот поранешен верен „послушник“ Антонијо Милошевски.

Во Владата на Никола Груевски, еден од најистакнатите членови беше токму Антонијо Милошевски, а тој претходниот ден јавно тргна против својот поранешен лидер и излезе на прес-конференција во која директно го нападна. Денес, егото на Никола Груевски не издржа, и тој во негов стил со објава на социјалната мрежа Фејсбук му возврати на ударот на жесток начин и без „влакна на јазикот“.

Во прилог ви го пренесуваме во целост делот од објавата на Никола Груевски каде директно го нападна Антонијо Милошевски:

За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам.

Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.

Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.

Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.

Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“.