Николина Пишек има 50 години а тело како тинејџерка: Еве како ја одржува витката линија – Извади една храна од менито, а го прескокнува појадокот

Водителката Николина Пишек важи за една од најубавите жени на Балканот, а сега откри како го одржува виткото тело.

Иако има 50 години, според многумина изгледа многу помладо. Како што истакнува водителката, таа го прескокнува појадокот и не јаде месо .

„Не јадам редовно“, вели водителката која открива дека не појадува, не јаде месо, туку зема колаген и јаде многу зеленчук.

„Ми помага наизменичното постење – јадам 6 до 8 часа на ден, а остатокот постам . Пијам многу течности за да ја стимулирам лимфата“.

„Кога ќе ме прашаат дали нешто јадам и што јадам? Секако дека јадам, дури и многу. Еве пример за лесен и вкусен оброк. Тенок омлет, со фил од сирење и спанаќ и салата како додаток“ – открила еднаш Николина.

Николина редовно вежба, иако вели дека во последните две години малку намалила со вежбање поради низа настани.

За Николина неодамна на големо се зборуваше поради луксузното крстарење на кое беше. Таа потоа замина на море, како дел од пловењето на луксузен брод, а деталите ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи во низа објави.