Николлоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 55 пратеници

Заменикот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски очекува одличен резултат за неговата партија на претстојните парламентарни избори. Според него, актуелната опозиција ќе освои над 55 пратенички мандати.

„Веќе можете да ја видите разликата во недели, две, три и ако овој бран продолжи, а мислам дека ќе продолжи, ќе го имаме најдобриот резултат што секоја опозиција го добила на избори и ако, на пример, до пред една недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека има 55-56 пратеници, додека нема ништо чудно ако се зголемат“, изјави синоќа Николоски во емисијата „Клик плус“.

Во однос на претседателските избори, Николоски смета дека Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски повторно треба да влезат во вториот круг и, како што вели, Силјановска-Давкова ќе победи убедливо.

„Мислам дека е многу добро што Пендаровски повторно се кандидира за претседател, да видам што мисли народот за него“, додаде Николовски.