Славјанка Петровска го доби судењето против Драган Ковачки

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска соопшти дека го добила судскиот процес против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, но одбила отштета затоа што „не сака пари од нечесни луѓе“

„Бидејќи ветив транспарентност од почетокот до крајот на процесот против лагите, клеветите и навредите искажани од Драган Ковачки кон мене, сакам да ве информирам дека Основниот граѓански суд Скопје, по сите докази што ги прикажав од мене, одлучи со кој се докажува дека обвинетиот Драган Ковачки кажувал невистини и лаги, односно неправедно ме оцрнил во јавноста со цел да го наруши мојот углед и чест во очите на јавноста.

Ова е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена на Ковачки.

Како што кажав на почетокот во медиумите: Не сакам пари од нечесниот човек и ви давам до знаење дека се откажав од паричен надомест“, се вели во објавата на Петровска.