Николова: Согласно законите, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности

Даштевски од ДИК на партиски документи на ДПМНЕ е потенцијално кривично дело

Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес.


Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список.


Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.


Ова е основано сомневање и за кривично дело.


Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка од СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ