Николовски – Агелер: САД силно ги поддржуваат политиките што ги спроведува Царинската управа на Република Македонија

Притоа, тој ја истакна важноста од продлабочување на досегашната соработка, се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување на ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и искоренување на транснационалниот криминал и корупција.

На средбата што се одржа во рамки на денешната посета, Николовски информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа координира и комуницира со службите на Армијата со цел да се олесни увозот и побрз прием на оклопни возила кои Армијата и се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамките на НАТО.

Во рамки на посетата, амбасадорот и тимот го посетија и Оперативниот центар за чувари при Царинската управа, каде што беа презентирани системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарски таблички, како и Центарот за обука со помош на напредна виртуелна технологија.

Истовремено, беше претставена опремата донирана од САД, која ја користат мобилните тимови од Одделот за оперативна работа за откривање обиди за криумчарење, а беа направени и презентации на кои царинските кучиња од единицата К9 ги демонстрираа своите вештини за откривање оружје, дрога и пари.

Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Северна Македонија и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа, е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД, Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународни прашања за наркотици и спроведување на законот, Вирџинија Елиот и заменик-началникот на Канцеларијата за билатерална воена царинска соработка, Даниел.

„Моето присуство овде е да ви се заблагодарам и да ви честитам за резултатите од последните осум месеци, кои се неверојатни. Благодарност до цариниците кои се на граница и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу важни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Во исто време, поголема наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, ваши пријатели и ќе бидеме тука за вас“, истакна амбасадорот Агелер на средбата со директорот на Царинската управа Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот, во рамки на посетата на Царинската управа.

Директорот Николовски изрази посебна благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведувањето на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа.

„Само во втората половина на 2024 година се исплатени една милијарда евра или приближно 65 милиони евра повеќе од истиот период лани. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или за 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец лани, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра или 9 милиони евра повеќе од лани“, потенцира Николовски.

За извршените заплени, во текот на 2024 година, додаде директорот на Царинската управа, евидентирани се вкупно 410 случаи, при што во втората половина од годинава се евидентирани 305 случаи на заплени.

„Во 2024 година до Јавното обвинителство се поднесени вкупно 89 кривични пријави, од кои во втората половина од годината се поднесени 69 кривични пријави. И оваа година се работи со забрзано темпо, при што се направени 74 случаи на конфискации, а преку Секторот за контрола и истраги при Основното јавно обвинителство и ОЈО за организиран криминал се поднесени 35 кривични пријави против 69 физички и 16 правни лица“, истакна Николовски.