Николовски: “Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодство во земјоделството со ЕУ“

„Агро советот“ највиското научно и политичко тело во делот за носење на одлуките за земјоделството е закажан за 10. мај, најави денеска од Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тема ќе биде европската агенда во овој сектор, а како што вели Николовски, 45 проценти од буџетот на ЕУ оди за земјоделство.

Најголем дел од усогласувањето на правото со Европската унија паѓа на кластерот 5 што го водиме како министерство, а во јуни ни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг. Верувам дека науката ќе ги даде своите препораки и во делот на зголемување на производството во државата, но и во делот на нашето усогласување со Европското унија“, вели Николовски.

Посочи дека забележани се рекордни откупни цени на земјоделските производи, како што е оризот, пченицата и јачменот, сето тоа благодарение на мерките кои лани се воведени за земјоделците.

Една од темите на меѓународниот научен симпозиум на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев“ – Штип е и образованието на младите во овој сектор. Николовски истакна дека од 2022 до 2024 година таргет за мерки се токму младите и жените кои работат земјоделство и сточарство.

Денеска се потпишуваат договорите со 25 нови практикатни, кои доаѓаат од факултетите и изучуваат земјоделски, ветеринарни и шумарски насоки. Имаше голем интерес и со тоа вкупната бројка на практиканти ќе биде 50 во министерството, кои се четврта година или штотуку завршени студенти, кои добиваат 70 проценти од минималната плата“, изјави министерот Николовски.

Забележа дека како министерство работат на регрутирање на младите за овие факултети, со цел да се задржат младите во земјава. Воедно продолжува и стипендирањето на студентите на овие насоки, со највисоката сума, а тоа е месечно од 18.000 денари за девет месеци.

Министерот Николовски најави и Програма за учениците во средните стручни училишта по земјоделство, со цел да се зголеми бројката на ученици на овие насоки, што се поврзани со производството на храна.

Љупчо Николовски

Од Штип најавувам дека од мај започнуваме и со двомесечна кампања. Значи на 2. мај почнува најголемата информативна кампања за новиот ИПАРД 3. Ние сме единствена земја којашто ќе го почне прва ИПАРД 3, новиот пет годишен период, односно први ќе ставиме на располагање 120 милиони евра на земјоделците, пред Србија, Црна Гора, пред Босна, пред Косово и целиот регион“, вели Николовски.

Тој посочи дека како земја единствени сме спремни да започнеме со користење на овие средства од ИПАРД 3 програмата и затоа наредните два месеци ќе бидат на терен за да објаснат за најголемиот повик за модернизација во земјоделството и како да се искористат овие европски средства.