Николовски: Граѓаните и државата вчера не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев
– Граѓаните и државата вчера не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев, изјави денеска Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање.
-Граѓаните и државата вчера не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев. Не се дозволи да се повреди националната гордост и чувствата на македонскиот народ, не беа дозволени никакви други политички валканици коишто претходните денови беа најавувани, како што и впрочем денеска тоа го прави Ковачки на неговата прес-конференција, рече Николовски.
Претходно денеска, во соопштение за медиуми, СДСМ истакна дека институциите на системот, и покрај сите предизвици, обезбедија достоинствено и гордо да се оддаде почит за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев.