Николовски: Наредната недела ќе протече вода низ цевководот Макарија

Доказ за брзо и ефикасно решавање на сите предизвици со кои се соочуваат нашите земјоделци. Интензивно се работи, и со полна пареа на санација на цевководот Макарија. Веќе во текот на наредната недела ќе протече вода низ цевководот, при што површините под кајсија и праска во Росоман и Градско ќе го имаат својот род.

Граѓаните да останат спокојни, сезоната е спасена, а ние секогаш сме на страната на земјоделците.