Путин со план за заобиколување на мостот на Крим

Рускиот претседател Путин им наложи на властите да ја разработат можноста за пренасочување на туристичкиот сообраќај кон Крим преку украинските територии, анектирани од Русија во 2022-ра година, доколку сообраќајниот метеж на мостот на Крим продолжи да расте. Истакна дека е неопходно да се почитуваат безбедносните мерки. Министерот за транспорт рече дека војската е подготвена да обезбеди два брода, за транспорт на автомобили преку траектот Керч.

„Очекуваме до петок, сабота и недела повторно да има циклично оптоварување на мостот на Крим. Се подготвуваме за ова, но распоредот е нерамномеренПо поправката, сообраќајот беше отворен на Керсонскиот мост на 2-ри јули, на границата со Република Крим и регионот Керсон, што им овозможува на возачите да тргнат по алтернативен пат, заобиколувајќи го мостот на Крим“, изјави рускиот министер за транспорт, Виталиј Савељев.