Николовски: Од овде, од Свети Николе, најавувам нова мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен, креирана заедно со подсекторската група за жито

Министерот Љупчо Николовски по посетата на земјоделците од Свети Николе на својот фб профил сподели за остварената средба и известувањето за најновите донесени мерки за дополнителни субвенции на остварено производство на јачмен .

“Од овде, од Свети Николе, најавувам нова мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен, креирана заедно со подсекторската група за жито.

12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање, добиваат производителите на јачмен, кои своето производство го имаат продадено во домашни преработувачки капацитети, домашни фарми, или пак го искористиле во сопствените фарми.

Оваа мерка ќе важи до 31 август 2023 година. Токму ова беше нашата цел со Националниот план за производство на храна, што го донесовме минатата година. Поголема поддршка на земјоделците за да имаат квалитетно производство, поголем принос, насочувајќи го домашното производство кон домашните преработувачки капацитети.

Ние како министерство нашата задача ја завршивме, обезбедивме поддршка и мотив за секој од вас, да вложи и го зголеми приносот. Сега на ред се откупувачите да го откупат, а земјоделците да го предадат или самите преработат, домашниот јачмен. Имаме доволно домашни количини јачмен, и за производство, и за извоз, нови узвезени количини не ни се потребни.