Љубопитен кит пливаше покрај кајакар во Сиднеј

Австралиецот Џејсон Игледен снимил интересна и убава глетка во близина на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Снимките од дрон и од воздух покажуваат огромен кит кој следи кајакар, фатен во саботата и објавен на социјалните мрежи.

Китот повремено излегувал на површина од морето, пливајќи на само неколку метри од кајакарите, како и еден среќен пливач. Нивното „дружење“ траеше од Тамарама до плажата Куџи.

Во неделата, 5.092 китови беа забележани на различни локации долж брегот на Нов Јужен Велс додека сезоната на миграција продолжува.