По гласините за врска со Џиџи Хадид: Леонардо ди Каприо виден во друштво на друга манекенка

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо неодамна беше виден во Париз со 28-годишната манекенка Нилам Гил, за која претходно се сомневаа дека е во врска со познатиот актер.

Како што пренесуваат странските медиуми, тие во петокот заедно го напуштиле хотелот Костес во Париз, а подоцна биле видени на вечера во ресторанот Лулу на улицата Риволи, каде се дружеле со неговиот пријател и актер Тоби Мегваер и неговите деца.

На почетокот на јуни, манекенката Гил беше видена на вечера со Ди Каприо и неговата мајка Ирмелин Инденбиркен, а само седум дена подоцна беше видена како влегува во истиот хотел каде што тогаш беа Ди Каприо и Џиџи Хадид. Инаку, Ди Каприо неодамна ја запозна Џиџи Хадид со својот татко и маќеа.

Иако еден од претставниците на Леонардо ди Каприо им објасни на медиумите дека тоа е пријателство меѓу актерот и Гил, медиумите се сомневаат во можноста тој да не сака да ја обнови „романсата“ со Џиџи и дека сака да биде со Нила.

За потсетување, извесен период се сомневаше дека Ди Каприо е во врска со Џиџи Хадид поради тоа што биле забележани на исти забави, иако изминативе неколку месеци многу девојки се поврзуваа со неговото име. Некои од нив се Викторија Ламас (24), Еден Полани (19), Ирина Шајк (37) и Меган Рош (22).