Охриѓанецот Христијан Пендиков официјално стана бугарски државјанин

Христијан Пендиков,  ја завршил процедурата за добивање на бугарско држјавнство, објавија медиумите од Бугарија.

Секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ доби бугарско државјанство од потпретседателката Илијана Јотова.

Таа лично му ги предаде бугарските документи за лична идентификација на Пендиков на официјален настан во салата на Претседателството.

„Од денеска ќе ја имате заштитата на бугарската држава. Од денес станувате граѓанин на ЕУ. Основата на бугарскиот Устав е вербата во човечките вредности, во еднаквоста, толеранцијата и правдата“, рече Јотова, по предавањето на документите и го опиша Пендиков како храбар млад човек кој останал верен на своето бугарско потекло.

„Денес секој има право на свој идентитет. Тој има право да ја заштити“, рече таа и апелираше до македонските власти со барање бугарското малцинство да биде запишано во уставот, како и тие да бидат признаени во Северна Македонија.

Христијан Пендиков им се заблагодари на бугарските лекари и власти за грижата за него, како и на жандармеријата која се уште ја обезбедува неговата заштита.