Николовски: По изборите нема да има Влада со ДУИ

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека по изборите едно е сигурно, дека нема да коалицираат со ДУИ. Николовски во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави дека една од причините за нискиот рејтинг на СДСМ е што не го исполниле ветувањето од 2016 година кога лидерот на партијата Зоран Заев изјави дека нема да коалицираат со „криминалци и банди“ од ДУИ.

„Овој лидер на ДУИ, за жал, максимално криминализираше се, но едвај има ден да нема афера за претставници на ДУИ. Ова е однесување кое никој не може да го толерира и однесување кое треба да биде истражено од властите и да не биде дел од работата на владата, бидејќи ние излегуваме со нашата програма и оваа програма не може да ја спроведуваат луѓе кои наутро одат на работа и мислат како нешто да злоупотреби или да направи кривично дело“, рече Николовски.