Николовски: Суштинска, елементарна улога на Министерството е да креира програми со кои дава подршка на земјоделците, на производителите
Обврска и надлежност на министерството е да креира политики за поддршка на земјоделците, не на потрошувачите, одговори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на новинарско прашање во врска со цените на земјоделските производи. Тој на денешната промоција на нова софистицирана опрема за модернизација на ген банката на Земјоделскиот институт беше прашан за промените на цените, на што одговори дека за нив Владата креира мерки заедно со останатите институции.
Обврска и надлежност на Министерството е да креира политики за поддршка на земјоделците, не на потрошувачите, одговори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на новинарско прашање во врска со цените на земјоделските производи.
Тој на денешната промоција на нова софистицирана опрема за модернизација на ген банката на Земјоделскиот институт, беше прашан за промените на цените, на што одговори дека за нив Владата креира мерки заедно со останатите институции.
– Суштинска елементарна улога на Министерството е да креира програми со кои дава подршка на земјоделците, на производителите, да ги задржиме во производството, истакна Николовски.
Министерот беше прашан што треба да се направи за нашиот семенски материјал да се прошири во земјава, на што одговори дека Министерството прави се што е во негова надлежност, а тоа е поддршка во производството.
– Две години на секоја прес-конференција зборувам локално, домашно. И тоа не се само зборови, тоа се мерки и политики кои што во јануари 2022, и пред војната и во пост КОВИД период бевме свесни дека треба да преземеме мерки, да го ставиме целокупното земјиште во функција на производството, за што склучивме нови 2000 договори, истакна Николовски.
Тој додаде дека тогаш одлучиле приоритет да имаат производителите на житни култури и токму по такви критериуми ги изработиле огласите.
– Рековме дека ќе распишеме мерки од програма за рурален развој, што точно се однесуваат на зголемување на домашното, локално производство на житни култури, и тоа со факти и броќи го остигнавме во овие две години, распишавме тендер за набавка на трактори повторно за оние кои сериозно работат со над 10 хектари во производството домашно, Македонско, воведовме нов модел на сугвенции се со цел домашното производство да остане дома, истакна тој и нагласи дека сите мерки даваат резултат.
Николовски потенцираше дека само овие две години се регистрирани 800 мали производители на храна, кои претходно ја немале таа можност поради тоа што требало да исполнат повисоки критериуми, но со ниосењето а новите правилници за продажба од праг ги мотивираат земјоделците да останат во руралните средини.
На новинарско прашање дека неодамна Министерството објавило дека нивни соработници во земјоделството злоупотребиле 500 000 евра, финансии од ЕУ, министерот одговори дека тие немаат објавено за никаква злоупотреба и дека тоа не е нивна работа туку на институциите.
– Тоа е постапка која што си ја води Европската Унија, кога финансираат наши проекти секако дека треба и да контролираат за да се знае каде одат сите овие средства, истакна министерот.
Тој појасни дека станува збор за проект од 2015 за кој Владата била информирана од Министерството за финансии, не од МЗШВ, и оти не може да се каже дека имало злоупотреба на средства, туку можеби одредени недостатоци и нерегуларности.
– Не можам да кажам дека некој злоупотребил пари бидејќи сите проекти финансиранни од Европската Унија се реализираат, нагласи Николовски
Во врска со програмата „Ипард 3“ министерот истакна дека ЕУ донесе програма за земјава во износ од зголемени 97 милиони евра со многу поолеснителни околности.
– Го распишавме најголемиот повик досега од 30 микиони евра кој трае до први ноември согласно сите процедури, насоки и упатства кои се добиени од надлежните во Директоратот за земјоделство на ЕК, нагласи тој.
Николовски потсети дека од 2007 до 2015 година, првиот дел „Ипард“ програмата добил европски средства во износ од 60 милиони евра од кои, како што истакна, биле искористени 19 проценти. За „Ипард 2 “ која трае од 2017 година до денеска, исто така се располагало со 60 милиони евра, со кои се склучени договори за 100 проценти од целокупниот износ, реализирани се 2400 договори.
– Токму затоа „Ипард 2“, што требаше да заврши на 18 септември, Платежната агенција ќе го продолжи до трети октомври се со цел и овие последни средства да бидат искористени од земјоделците, фармерите и од целокупниот агробизнис сектор, изјави Николовски.
Министерот информираше дека во моментот македонските земјоделци имаат можност да аплицираат до први ноември за проекти вредни 40 милиони евра од ЕУ.