Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денес изјави дека по завршувањето на локалните избори, Владата ќе објави мерки за запирање на високите цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во земјата.
Тој рече дека фокусот е ставен на младите луѓе, за да можат полесно да обезбедат домување.
„Познавам многумина што продаваат, додека малкумина што купиле по тие цени. Цените треба да се намалат, превисоки се. Секако, се обидуваме да помогнеме. Најголем фокус е на младите, бидејќи тие се оние на кои им е потребен дом, особено оние што купуваат куќа или стан за прв пат, и во овој поглед има поддршка, додека ќе има и други мерки. Сега сме во изборен период и, согласно ограничувањата на Државната комисија за спречување на корупција, не можеме да ги презентираме сите, ќе презентираме дел од нив по изборите, што ќе биде во насока на регулирање на цените и создавање можности младите многу полесно да купат стан или куќа“, рече Николоски.
Изјавата на Николовски доаѓа откако беше прашан за високите и неконтролирани цени на станбените објекти низ целата земја, со посебен акцент на главниот град.