Николоски: Преговорите со ЕУ не почнаа поради корупција и немање правна држава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, потенцира дека преговорите со Европската Унија не се почнати поради корупција и немање правна држава.

„Се чувствувам горд што со бугарскиот диктат успеавме да го спречиме планот за донесување уставни измени, бидејќи не прифативме македонскиот јазик да е дијалект на бугарскиот и горд сум што ги разобличивме овие насилници на власт, за простата причина што е јасно зошто не почнаа преговорите, не е Бугарија, ниту уставните измени, туку проблемот со владеењето на правото. Последните два дена се најдобриот тест. ЕК изнесе 40 препораки за реформи во правосудниот систем“, рече Николоски во емисијата „Клик плус“.

Тој рече дека 10-15 отсто од вработените во институциите се крајно корумпирани. Според него, тие треба да си заминат.

„Да не вршиме притисок врз институциите, за неколку месеци ќе ги имаме првите резултати. Не се проблем институциите, нивните вработени“, вели Николоски.

Николоски вели дека партија која предлага премиер со 12 пратеници е како да си игра со народот.

Тој додаде дека од неговата партија се уште не одлучиле дали ќе влезат во Техничката влада.