Никол Кидман повторно проговори за својот нов еротски филм „Babygirl“, но овојпат откри дали нејзините ќерки ќе го гледаат овој филм.
Инаку, Никол ги спомена двете малолетни ќерки, 16-годишната Сандеј и 14-годишната Фејт Маргарет, кои не се заинтересирани да го гледаат филмот „Babygirl“.
“Моите ќерки нема да го гледаат. Рекоа дека не сакаат. Ниту една од нив не е заинтересирана да ја види мајка си во такво издание”, рекла актерката.
Во „Babygirl“, Кидман има за цел да го покаже женското задоволство како што навистина е со мала помош од Харис Дикинсон.
Таа беше привлечена кон оваа улога поради нејзината сексуалност, која е прикажана како „брутална“ и „опасна“. Тврди дека не пишува за 20-годишни или 30-годишници.
Потсетуваме, Никол Кидман има две ќерки Сандеј и Фејт од бракот со Кит Урбан, додека во бракот со Том Круз ги посвои ќерката Изабела (32) и синот Конор (29).