Никој не забележа еден детаљ на свадбата на Анастасија и Немања: Мајката на Гудељ не штедеше, потрошила 600 долари за една ситница (фото)
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во вторникот направија тајна граѓанска венчавка во вилата на семејството Ражнатовиќ на Дедиње. Поканет беше тесен круг на луѓе, само најблиското семејство, а меѓу нив беа и родителите на Немања.
Бидејќи свадбената церемонија била на истиот ден кога започнале подготовките за Европското фудбалско првенство, младоженецот Немања по церемонијата заминал на тренинг.
Кога ја напуштил вилата, бил придружуван од семејството, а малкумина забележале еден детаљ за Оливера Гудељ.
Имено, таа избрала прекрасна нежно розова тоалета, а се покрила со шал од познатиот бренд Луј Витон чија цена е околу 600 долари, како и чанта. Таа го искомбинирала целиот аутфит, па марамата и чантата одлично и’ прилегле бидејќи и двете се во бела и розова нијанса.
Да потсетиме, членовите на семејството на Немања, таткото, мајката, сестрата и братот, вчера нешто по 12 часот дојдоа во вилата.
А само три часа по одржувањето на церемонијата, гостите, главно блиски членови на семејството и кумови, почнале да ја напуштаат вилата.
Немања мораше да оди на тренинг поради стартот на подготовките за Европското првенство.