Никој не очекуваше вакво појавување на Оскарите! Лејди Гага целосно ги изненади сите со нејзиниот изглед (фото/видео)
Настапот на пејачката Лејди Гага на Оскарите беше многу чуден на повеќе начини за обожавателите.
Гага ја отпеа песната „Hold My Hand“ од филмот „Top Gun: Maverick“, посветена на режисерот Тони Скот кој почина пред 11 години, а за време на настапот музичката ѕвезда беше облечена во едноставна црна маица, искинати фармерки и црни хеланки, додека косата и беше врзана во репче. Исто така, изгледаше дека воопшто не е нашминкана.
Нејзиниот изглед беше остар контраст на гламурозниот фустан на Versace во кој се прошета на црвениот тепих претходно таа вечер.
Иако порано се шпекулираше дека пејачката нема да присуствува на 95. доделување на Оскарите поради снимањето на продолжението на филмот „Joker: Folie à Deux“, таа во последен момент се предомислила и дошла на церемонијата. Поради оваа номинација, таа е првата изведувачка која добила три номинации во категоријата.