НИТУ ДВОЈНИЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА МУ ПОМОГНАТ – Украинците се пофалија: “Во секој момент знаеме каде е Владимир Путин и Евгениј Пригожин!“

Украинските воени разузнавачи секогаш знаат каде се рускиот претседател Владимир Путин и првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди украинскиот функционер Андриј Јусов, објави Sky News.

И покрај сите напори на Русите да ги сокријат овие информации и покрај опсегот на технологии и методи кои тие ги користат, вклучително и двојници, тоа е нешто што не успеваат да го сокријат“, вели Андриј Јусов.

Секако дека знаеме каде се. Знаете, Владимир Путин е многу, многу добро чувана личност. Евгениј Пригожин, во споредба со него, е поинаков случај. Веројатно никој од рускиот естаблишмент не се однесува толку слободно како тој“, вели Андриј Јусов.

Во секој случај, сите информации за нив ни се познати нам и на нашите партнери и често ги следиме во реално време“, напоменал овој функционер.

Андриј Јусов додава дека, и покрај тоа, Украина нема намера да го убие Владимир Путин или Евгениј Пригожин.

Сите воени злосторници, како приоритетни цели, мора да бидат казнети. Но, ние сме цивилизирана земја и сакаме правдата да биде спроведена во рамките на меѓународното право на меѓународен трибунал. Хаг го чека Владимир Путин да се соочи со неговото судење зад решетки. Во овој контекст, приоритет на нашето разузнавање е да го донесеме Владимир Путин во Хаг за да може да му се суди“, објаснил тој.