НИТУ ДЕЈВИД БЕКАМ НЕ МОЖЕШЕ ДА И ОДОЛЕЕ на “Латинскиот пантер”, поради Викторија неговите телохранители ја исфрлија од собата, а вака изгледа денес (ФОТО)

Пред неколку дена поранешниот фудбалер Дејвид Бекам беше фотографиран на Вимблдон покрај атрактивна русокоса со која медиумите го поврзуваа во 2012 година. Во прашање е Кетрин Џенкинс, со која имаше конфликт во 2018 година, кога таа го доби Орденот на Британската империја, што му пречеше на славниот фудбалер, па нејзиното признание го нарече „е*ана шега“.

Оваа комбинација на Бекам со други жени освен неговата сопруга Викторија Бекам, потсети на познатата љубовница Ребека Лус, поради која за малку ќе се разведеше, а која еднаш откри дека „не била единствената“.

Дејвид Бекам, Викторија Бекам, Ребека Лос

Во документарниот филм Ребека таа вели дека и пречи тоа што испаднала негативка и уништувач на бракови, иако токму тој ја заведувал, поради што проговорила за аферата која дури и нејзе и пречела…

Ребека откри дека Дејвид ја изневерува Викторија и со манекенка, на која реши да и го открие идентитетот:

“Сите пристигнавме на забавата, свиреше самба бенд од Бразил, течеше шампањ. Го видов Дејвид далеку во градината како разговара со убава шпанска манекенка. Ме повреди. Одеднаш ми заѕвони телефонот, а тоа беше Викторија Бекам која ми се јави, јас реков дека не знам каде е Дејвид, таа му се јавувала, а тој не и одговарал – не ја спуштај слушалката, оди најди го, ми рече.

Го пронашла во прегратките на манекенката Естер Канадас.

Ребека еднаш ја раскажа ситуацијата токму кога Естер беше исфрлена од собата на фудбалерот откако се дозна дека Викторија ненадејно дојде да го посети Дејвид.

Познатата манекенка останала во станот кога Дејвид отишол да тренира со соиграчите и било договорено таа таму да го чека. Само неколку минути откако го напуштил хотелот, неговите телохранители добиле телефонски повик во кој ги известиле дека Викторија се качила во приватен авион за Мадрид.

Тимот на Бекам, во кој беше и Ребека, почна да паничи, и веднаш тргна во акција. Еден телохранител го проверил апартманот на Бекам за да се увери дека нема инкриминирачки докази. Друг и кажал на Естер дека има „5 минути да си ги собере работите и да замине“.

“На двајцата телохранители им беше кажано да ја изнесат Естер од собата, што потивко. Имаше многу дискусии за тоа кој ќе ја разбуди”, истакна Ребека. Никој не сакаше да биде тој што ќе и каже дека сопругата на Давид е на пат. Но, на крајот еден од телохранителите на Бекам влезе во собата и ѝ рече да излезе бидејќи Викторија треба да пристигне“.

„Естер не беше среќна, но направи како што ѝ беше кажано.

Лус потврдила дека Бекам и Естер, која ја нарекувале „латински пантер“, разменувале развратни пораки и уживале во секс по телефон. Самата Ребека призна дека договорила Бекам да се сретне со убавицата која тој ја нарече „госпоѓица со полни усни“.