– Ниту еден камион со гориво на Обединетите нации не влегол во Газа преку преминот Рафа, изјави денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА).
УНРВА го преместува своето ограничено количество гориво во Газа и планира да го стави на располагање на здравствените работници, изјави за новинарите директорката за комуникации на УНРВА, Жулиет Тума.
УНРВА не можеше да внесе никакви резерви во Газа откако почна конфликтот Израел-Хамас на 7 октомври и Тума повика Израел да ја прекине опсадата на палестинската енклава.
Во меѓувреме, еден милион луѓе се раселени во Газа и огромно мнозинство од два милиони луѓе кои живеат во енклавата немаат вода.
Поголемиот дел од 14-те вработени на УНРВА кои беа убиени беа наставници, рече Тума. Вработените кои останаа во Газа живеат во страв и сакаат да бидат извадени од оваа „пеколна дупка“, а нивото на очај се зголемува, рече Тума.