Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно патува во Израел

 – Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен повторно ќе го посети Израел по посетата на Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Во изјава за новинарите, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, потсети дека Блинкен го посети Израел на 12 октомври.

Тој рече дека Блинкен „ќе се врати во Тел Авив за понатамошни консултации со израелските претставници“ по посетата на земјите од Блискиот Исток.

Блинкен се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив на 12 октомври.

„Денес сум овде не само како американски државен секретар, туку и како Евреин“, рече тој за време на неодамнешната посета на Израел.