Роналдо нападнат во Зеница: Навивач на Босна истрча на терен, а потоа настана хаос (ВИДЕО)

Во самиот финиш на првото полувреме од натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Португалија во Зеница се случи инцидент.

Навивач на домашната екипа истрча на теренот за да се фотографира со Кристијано Роналдо. Обезбедувањето очигледно заспало, бидејќи навивачот успеал да помине покрај нив, а потоа дошло до кратка пресметка помеѓу Роналдо и навивачот.

Се чини дека и Роналдо беше погоден кога лицата од обезбедувањето се обидуваа да го одвојат навивачот од него, но тој не реагираше.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА СИТУАВИЈА ТУКА:

https://t.me/stojilo/188