Меси ниту со сопругата не може да остане без телохранител: ‘Фатени’ се пред утрешниот голем момент

Лионел Меси максимално го користи слободното време опуштајќи се на Флорида со сопругата Анотела Рокузо, но како и со повеќето натпревари на Интер Мајами, неговиот телохранител е блиску и внимателно го следи.

Меси (36) бил виден како се релаксира со Антонела пред големата недела во која се очекува да ја освои Златната топка во Париз во понеделник и да биде прогласен за фудбалер на годината по осми пат во кариерата.

Еден обожавател го фотографирал како ужива на сонцето во Мајами, но тоа не било баш семејно излегување. Како што може да се забележи, телохранителот на Меси Јасин Чуеко седел на само малку подалеку од Лео и Антонела, додека аргентинскиот ас се смеел.

Чуеко обично се гледа на натпреварите во Мајами, како демне на страна и го следи Меси дури и на теренот за да го заштити, а е поранешен американски војник кој служел во Ирак и Авганистан. Покрај тоа, тој е експерт за боречки вештини, боксер и таеквондо мајстор.

Сепак, не се знае дали задачата на Чук е само да го заштити Меси во САД или ќе патува со Меси во Франција. Лионел живеел во Париз две години, па можно е да има свои безбедносни аранжмани кога ќе биде во француската престолнина.