Ништо не го чисти црниот дроб КАКО ОВОЈ НАПИTОК – Ги зајакнува коските и крвните садови, одличен е за забите, спречува кариес

Сурутката е течноста што останува по згрутчувањето на млекото, се произведува во производството на сирење или казеин и има неколку комерцијални намени. Многу е добар и како додаток на многу прехранбени производи.

Сурутката е многу богата со магнезиум, калциум, цинк, фосфор, витамини од групата Б, амино киселини. Добро делува на коските бидејќи ги надополнува протеините, го хидрира телото и е најдобра замена за спортските пијалоци, па често се користи во бодибилдингот.

Поради огромната хранлива вредност се споредува дури и со мајчиното млеко. Сурутката ја поттикнува репродукцијата на ацидофилните бактерии, кои се природен антисептик. Одличен е за диети и програми за детоксикација, бидејќи го забрзува метаболизмот.

Сурутката помага за лачење на серотонин, хормонот на среќата, па затоа им се препорачува на сите кои се под стрес, а добра е и за враќање на енергијата, намалување на грчеви во мускулите и нивно опуштање. Кај постарите лица, сурутката ја спречува остеопорозата, ги чисти крвните садови, ги отстранува наслагите на забите, спречува кариес и го регенерира и штити црниот дроб.

Познато е дека терапите со сурутка третираат цревни нарушувања (како што е неправилна столица), хормонски проблеми, дебелина и проблеми со циркулацијата, како што се затнати артерии.

Се консумира така што една лажица сурутка се раствора во чаша вода и се пие како додаток во исхраната. Ако сакате овој напиток да биде повкусен, додадете мед во малку топла вода и исцедете го сокот од два лимони во него и измешајте сè со литар сурутка.

Помага и кај следниве болести:

  • Кај разни гастроентеролошки заболувања
  • Воспалителни болести на цревата
  • Нарушувања на апетитот и дебелина
  • Болка во стомакот и Helicobacter pylori
  • Кај бактериски и габични инфекции
  • За третман на кандида
  • Со хипергликемија – зголемен шеќер во крвта