НИШТО ОД прекинот на огнот! Израел продолжува со нападите врз Газа, одговорија Палестинците!

Пропаднаа обидите на Египет да посредува во израелско-палестинскиот конфликт.

Египет се обиде да посредува за прекин на конфликтот, во кој досега се убиени 33 Палестинци и еден Израелец, објави Ројтерс.

Насилството е продолжение на обновените судири меѓу Израелците и Палестинците, во кои од јануари се убиени повеќе од 140 Палестинци и најмалку 19 Израелци и странски државјани.

Израелската армија објави дека пред зори ги гаѓала командните центри на Исламски џихад и позициите на ракетни фрлачи.

Британската новинска агенција наведува дека црно-белите воздушни снимки покажуваат експлозии и облаци од чад што се издигнуваат од бомбардираните локации.

Неколку часа подоцна, милитантите од Газа истрелаа ракети, активирајќи сирени за воздушни напади во израелските градови во близина на границата со Појасот Газа.

Во четвртокот една жена загина кога ракета го погоди нејзиниот стан во предградие на Тел Авив.

Најмалку четири жени и шест деца загинаа во густо населената Газа.

Израел соопшти дека четворица Палестинци биле убиени од погрешно испукани ракети од Газа