Тевез го повика ПСЖ поради Меси: Да ми го направеа тоа мене, немаше да ме видат повеќе

КАРЛОС ТЕВЕЗ даде изјава за аргентинскиот TyC Sports во која се осврна на фактот дека Лионел Меси до неодамна беше суспендиран од ПСЖ бидејќи без дозвола од клубот отишол да ги исполни своите амбасадорски обврски во Саудиска Арабија и таму го поминал цел ден.

Легендарниот напаѓач го прозва ПСЖ за начинот на кој францускиот клуб се однесуваше со Меси во таа ситуација, а особено го налути тоа што го натераа Меси да се извини што отиде во Саудиска Арабија. Тевез смета дека тоа никогаш не требало да го направи.

„Ако некој ми кажеше, како светски шампион, дека морам да се извинам што патував на слободен ден, ќе се вратев во Росарио и ќе останев таму. Требаше да ми се извинат во таа ситуација. Меси го стави клубот над сè овој пат, треба да му симне капа за тоа“, изјави Тевез, кој е очигледно лошо информиран. Впрочем, фудбалерите на ПСЖ не добија слободен ден бидејќи претходниот ден загубија од Лориен.