НОВАК ГИ ЗАГРИЖИ НАВИВАЧИТЕ: Ѓоковиќ престана да тренира и побара интервенција на физиотерапевт – еве за што се работи (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ одработи уште еден тренинг пред УС Опен и малку ги загрижи навивачите.

Тој во еден момент мораше да побара помала интервенција од физиотерапевтот Клаудиј Цимаља, а се работи за стара повреда на зглобот на десната рака која веќе извесно време го мачи најдобриот српски тенисер.

Новак Ѓоковиќ

Со оглед на тоа дека Новак се смешкал за време на масажата, нема сомнеж дека не се работи за нешто сериозно.

УС Опен е закажан од 28 август до 10 септември.