Новак го руши рекордот на Федерер

Новак Ѓоковиќ ја пронајде вистинската форма и со убедлива победа над Адријан Манарин (6:0, 6:0, 6:3) се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Тоа беше 32-та последователна победа на Ѓоковиќ во Мелбурн.

Ѓоковиќ по 58. пат стигна до четвртфиналето на Грен слем турнир, израмнувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер. Трет на оваа листа е Рафаел Надал со 47 четвртфиналиња. Нема дилема дека Новак и по тој параметар ќе се осамостои на вечната листа, можеби после Ролан Гарос.

Негов ривал во битката за полуфинале е Тејлор Фриц, кој го победи Стефанос Циципас со 3:1.