Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сака да освои златен медал за Србија на Олимписките игри ова лето, поради тоа во рекордно време го оперирал коленото. Да не беше тоа, немаше да влезе „под нож“.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на почетокот на сезоната изјави дека ќе ја темпира својата форма за да биде на врвот за Олимписките игри во Париз. Затоа не се потресе поради елиминацијата на Австралија опен, па дури ни поради слабата форма на турнејата во Америка, а потоа и на европската земјена подлога, со надеж дека ќе го достигне оптималното ниво за време на Ролан Гарос. И навистина, Ѓоковиќ го играше својот најдобар тенис од почетокот на годината додека не го спречи повредата на коленото.
Тој се повлече од турнирот и донесе одлука да го оперира менискусот во експресен рок, што само уште еднаш покажува колку се грижи за настап на Олимписките игри. Доколку се биде добро, Ноле би можел да се опорави веќе по три недели, а потоа има уште доволно време да биде целосно подготвен до 29 јули, кога започнува тенисот во Париз.
Да не беа Олимписките игри, Новак веројатно немаше толку брзо да се „пресече“ и да се одлучи за операција, особено ако се знае дека тоа претходно беше само последна опција. Долго време страдаше поради повреда на лактот во 2018 година, ги испроба сите алтернативни начини да ја залечи повредата, но кога тоа не му успеа – отиде „под нож“. И сега ќе имаше дилема, само да не настапи за Србија, каде сонот му е да освои златен медал, единствениот што му недостига во кариерата. И ова е можеби последна шанса…
Новак Ѓоковиќ освои бронза на својот прв настап во 2008 година во Пекинг, а потоа заврши на четвртото место во Лондон, за во Рио во првото коло да биде запрен од Хуан Мартин дел Потро, што според Ѓоковиќ е еден од неговите најтешки порази во кариерата. На врвот на формата беше во 2021 година во Токио, кога освои три Грен слем турнири, но запре во полуфиналето против Зверев.
Новак Ѓоковиќ од март минатата година отворено кажа дека најважно му е да игра на Олимписките игри, што не е изненадување ако се знае дека освоил се останато. Повеќе пати. „Прашањето е кога Јаник Синер ќе стане прв на АТП листата. Светскиот рекет број еден повеќе не е мој приоритет. Мој приоритет е да бидам најдобро што можам на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри “, повтори Новак пред еден месец во Монте Карло.
Од понеделник повеќе нема да биде тенисер број еден во светот, бидејќи Јаник Синер ќе го прескокне, а потоа најверојатно Новак ќе го пропушти и Вимблдон. Тоа значи уште 1.200 поени помалку за него. Знаеме дека тоа е неговиот омилен турнир, но …
Постои страв дека коленото нема да биде готово до 1 јули кога ќе стартува Вимблдон, додека постои и ризик од промена на подлогата. Доколку Ѓоковиќ мораше повторно да се префрли на трева, пред Париз, каде исто така се игра на земјена подлога, тоа може да има последици и по здравјето и самата игра.