Новак избрка српски навивач: Олку лут Ѓоковиќ одамна не сме го виделе! Еве што му кажа (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен со 3:0 (6:1, 6:4, 6:4) и со тоа го освои 47. полуфинале на Грен слем турнирите.

Новак можеби ќе можеше да го заврши натпреварот неколку минути порано, да не беше неодговорноста на српските навивачи.

Во гемот во кој сервираше за потврда на брејкот, еден српски навивач почна да се радува бидејќи Нобак беше пред нова победа.

На Ѓоковиќ тоа толку го изнервирало по што му извика:

„Дали си нормален? Излези надвор“, и му гестикулираше со раката.

Навивачот свесен за својата грешка излезе надвор од стадионот.